Мере

Водич за големини

Кај половни модели декларираната големина често не одговара на вистинската — затоа со секој модел доаѓаат точни мерки. Еве како да ги искористите.

01

Земете модел што ви прилега совршено

Не меријте себе — измерете маица или дукс што веќе го носите и ви се допаѓа како стои.

02

Поставете го рамно на маса

Израмнете ги наборите, ракавите опуштени од страните, без затегање на материјалот.

03

Измерете pit to pit

Од еден до друг раб на ракавот, право преку градите. Ова е најважната мера.

04

Споредете со мерките во огласот

Отстапување до 2 см е речиси незабележливо. Над 4 см веќе го менува кројот.

Ориентативна табела — горни делови

Veličina Pit to pit Должина Рамења
S 50–52 cm 68–70 cm 43–45 cm
M 53–55 cm 70–72 cm 45–47 cm
L 56–58 cm 72–74 cm 47–49 cm
XL 59–61 cm 74–76 cm 49–51 cm
2XL 62–64 cm 76–78 cm 51–53 cm
Како ја оценуваме состојбата →